Линкови за пристапност

Само во Америка: За Денот на вештерките се` повеќе луѓе остануваат дома


Само во Америка: За Денот на вештерките се` повеќе луѓе остануваат дома
Само во Америка: За Денот на вештерките се` повеќе луѓе остануваат дома

Загрижени заради безбедноста на темните улици и бомбоните и слатките добиени од непознати лица, многумина родители претпочитаат своите деца да ги испратат на забави под надзор на возрасни.

Анегдотските докази од многу градови ширум САД сугерираат дека традицијата на одење од врата на врата за време на празникот „Ден на вештерките“ е во опаѓање.

Ова е неформален празник што се прославува на последниот ден од октомври, а кој има свои корени во средновековни ритуали на собирање на плодовите од полињата и паганскиот фестивал на славење на мртвите. Во модерните времиња, особено во земјите со англиско говорно подрачје, децата и се` поголем број возрасни лица се маскираат во модерни и понекогаш страшни костуми, како духови, пајаци и слично, во името на добра забава.

31-ви октомври стана прилика за куси семејни дружби при што еден или обата родитела ги придружуваат своите маскирани деца во соседството. Се оди од врата на врата, а соседот на чија врата се чука со традиционалниот слоган „Trick or Treat” за возврат дава комплимент за креативните костуми, дели бомбони, јаболка и други слатки посакувајќи среќен „Ден на вештерките“.

Сепак се` повеќе деца се чини дека од година в година се откажуваат од овој ритуал. Загрижени заради безбедноста на темните улици и бомбоните и слатките добиени од непознати лица, многумина родители претпочитаат своите деца да ги испратат на забави под надзор на возрасни или на приватни забави со задолжитлени костими организизирани во соседството.

Некои религиозни семејства, пак, одбиваат секакви прослави на овој празник, велејќи дека со тоа се слави злото и ѓаволот. Се зголемува и бројот на оние кои дури ги гаснат своите светилки пред куќите, испраќајќи порака до костимираните деца дека не се се добредојдени.

XS
SM
MD
LG