Името „McMansions” е позајмено од огромните пијалоци и помфрит и сендвичи во рестораните за брза храна Мекдоналдс. За многумина градењето на голем замок е исполнување на американскиот сон за поседување на дом.
Ваквите замоци се градат за луѓе кои сакаат да имаат се` и сешто во куќите и кои секако, можат да си го дозволат тој луксуз – многу спални соби, огромен тревник, гаража со место за три, четири автомобили, и се разбира - базен.
Сето ова е убаво, но треба да има простор да се изгради вакво нешто. Жителите кои се вознемирени заради овие проекти на новите соседи имааат четири опции – да се преселат, да добијат на лотарија и да изградат ист таков замок, да се навикнат на новата ситуација или доколку не е доцна, да извршат притисок врз градските власти за усвојување на регулатива за ограничување на големината на новите куќи во областа.
Последново решение се чини дека функционира. Општините ширум земјата усвојуваат поостри правила за големината на новите градби. „Замоците“ и натаму се градат, но помалку. Ова е Америка, навистина, но гласот на луѓето во заедниците се слуша.