Линкови за пристапност

Омдусман: Зголемен бројот на поплаки од граѓаните за човекови права


Омдусман: Зголемен бројот на поплаки од граѓаните за човекови права
Омдусман: Зголемен бројот на поплаки од граѓаните за човекови права

Констатирано е дека се зголемува и бројката на претставки на граѓаните до Европскиот суд за човекови права.

Зголемен е бројот на поплаките на граѓаните во однос на прекршувањето на нивните права. Оваа година се зголеми бројот на поплаки на граѓаните кои се обратиле до Канцеларијата на омбудсманот, соопшти денеска нарoдниот правобранител по повод меѓународиот ден за заштита на човековите права. Правобранителот Иџет Мемети тврди дека најголемиот дел од жалбите, адресирани до омбудсманот, биле во областите - судството, работните односи, полицијата и имотно-правните односи.

Констатирано е дека се зголемува и бројката на претставки на граѓаните до Европскиот суд за човекови права. Од октомври 2009-та до септември 2010-та, граѓаните на Македонија поднеле 400 нови тужби против матичната држава во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„За разлика од другите омбудсман-институции во регионот, во нашата институција дупло повеќе има прилив на жалби на граѓаните кои бараат заштита од институцијата“, изјави Иџет Мемети.

Загриженост за состојбите со почитувањата на човековите права изрази и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Од таму соопштуваат дека се загрижени поради тоа што владата не ги отстранила слабостите на кои укажувала Европската комисија во редовните извештаии за напредокот на Македонија.

„Се` уште се соочуваме со одредени проблеми. Ме охрабри фактот што на почетокот на годинава се усвои законот за борба против дискриминацијата. Сепак, како што е наведено во извештајот за напредокот, законот не е во потполна согласност со стандардите на ЕУ и тоа е голема штета“, изјави Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ.

Владата, пак, го брани својот учинок, иако наведува дека дискриминацијата е проблем. Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами најави дека на самиот почеток на наредната година ќе почне да работи Комисија за заштита од дискриминација, како и дека законот на оваа тема содржи одредби против дискриминација по углед на законите во земји-членки на ЕУ.

Бајрами изрази посебна загриженост што жртви на дискриминацијата во Македонија се најранливите категории во општеството - деца, жени, стари лица и лица со инвалидност.

„Има укажувања и за дискриминација врз основа на етничка или верска припадност и политичка определба“, рече министерот.

Забелешки по повод денот на човековите права за актуелниот закон за антидискриминација изрази и Хелсишкиот комитет за заштита нa човековите права на Република Македонија

.

XS
SM
MD
LG