Линкови за пристапност

Оптимизам, но и внимателност по запирањето на нафтеното излевање


Оптимизам, но и внимателност по запирањето на нафтеното излевање

Поклопецот беше поставен четвртокот, по првпат целосно запирајќи го излевањето што беше предизвикано од експлозија на платформа за дупчење на БП во април.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека запирањето на нафтеното излевање во Мексиканскиот Залив е добра вест, но предупреди дека се` уште не се знае дали поклопецот ќе остане на местото и трајно ќе го запре излевањето. Владини научници и надворешни стручњаци ги анализираат податоците од тестирањето на поклопецот, рече американскиот лидер во обраќањето од Белата куќа петокот.

Извршните директори на Бритиш петролеум се охрабрени од првичните испитувања. Портпаролот Стив Рејмхарт за Гласот на Америка изјави дека притисокот под поклопецот постојано расте, што е добар знак. Нискиот притисок би значел дека нафтата истекува некаде на друго место.

Поклопецот беше поставен четвртокот, по првпат целосно запирајќи го излевањето што беше предизвикано од експлозија на платформа за дупчење на БП во април.

Според владините проценки, дневно се излеваа и по 60.000 барели нафта.

XS
SM
MD
LG