Линкови за пристапност

Тестирање на поклопецот за запирање на нафтеното излевање


Тестирањето беше одложено поради протекување на еден од каналите што водел до новиот поклопец, направен специјално за да госопре излевањето.

Бритиш петролеум планира да продолжи со тестирање на притисокот на поклопецот за запирање на нафтеното излевање од потонатата платформа во Мексиканскиот Залив. Тестирањето беше одложено поради протекување на еден од каналите што водел до новиот поклопец, направен специјално за да го сопре излевањето.

Американскиот адмирал Тeд Ален, кој раководи со владиниот одговор на катастрофата, рече дека тестирањето подразбира затворање на вентилите на поклопецот, за да се утврди дали може да го издржат притисокот од изворот и да го запрат излевањето на нафтата. Ален рече дека дури и во случај тестирањето да не биде успешно, тоа сепак би можело да овозможи на БП да ја собере сета нафта на самото место на морското дно каде таа се излева, отколку да ја прфрла во танкери на површината.

XS
SM
MD
LG