Бритиш петролеум за еден ден го одложи почетокот на тестирањето на новиот поклопец за запирање на нафтеното излевање во Мексиканскиот Залив од каде веќе три месеци истекуваат милиони барели нафта.
Адмиралот Тед Ален, кој раководи со владиниот одговор на кататстрофата, рече дека е потребна поголема анализа пред да се изврши клучното тестирање со мерење на притисокот, што ќе треба да утврди дали поклопецот може да го запре излевањето. Доколку поклопецот го издржи притисокот 6 до 48 часа, Ален вели дека се добри шансите целосно да се спречи истекувањето.