Линкови за пристапност

Без реформи – можно ново нафтено излевање


Без реформи – можно ново нафтено излевање
Без реформи – можно ново нафтено излевање

Експертска група наведува и дека никој од инволвираните компании не ги зел предвид ризиците при донесување на одлуката за намалување на трошоците

Според најнов извештај, можно е повторно да се случи масовно нафтено излевање доколку не се воведат значителни реформи во нафтената индустрија и владата.

Експертска група назначена од американскиот претседател Барак Обама, која водеше истрага за нафтеното излевање во Мексиканскиот Залив, тврди дека компанијата Бритиш петролеум (БП) и нејзините партнери Трансошејн и Халибуртон донеле серија одлуки за кратење на трошоците, што го зголемило ризикот за експлозијата на нафтената платформа на БП на 20-ти април 2010-та, во која загинаа 11 работници. Тоа доведе до излевање на милиони барели нафта и еколошка катастрофа.

Групата наведува и дека никој од инволвираните компании не ги зел предвид ризиците при донесување на одлуката за намалување на трошоците. Таа заклучува дека главните причини за излевањето се систематски.

Конечната верзија на извештајот ќе се најде на маса на претседателот Обама наредната недела.

XS
SM
MD
LG