Линкови за пристапност

Куполата за покривање на местото на одлив на нафта – се спушта во водата


Инженерите од нафтениот гигант БП почнаа со спуштањето на огромната купола дизајнирана за отстранување на нафтата од подводниот бунар што пропушта илјадници литри дневно по експлозијата на нафтената платформа минатата недела

Работници во Мексиканскиот Залив се борат да го стават под контрола излевањето на сирова нафта во морето, додека загадувањето почна да стигнува до животинскиот свет долж јужното американско крајбрежје.

Инженерите од нафтениот гигант БП почнаа со спуштањето на огромната купола дизајнирана за отстранување на нафтата од подводниот бунар што пропушта илјадници литри дневно по експлозијата на нафтената платформа минатата недела.

Претставници на БП велат дека куполата треба да биде подготвена за спроведување на нафтата на брод на површината, до следната недела.

Оваа техника се користи за прв пат на таква длабочина и портпаролот на компанијата изјави дека нема гаранција дека ќе успее.

Меѓу другите напори на компанијата е дупчење на бунар што исто така треба да помогне во собирање на протечената нафта. БП вели дека ќе бидат потребни три месеци за негово оспособување.

Нафтата во четвртокот достигна и до островите до јужното крајбрежје на сојузната држава Луизијана и започна да го зафаќа животинскиот свет на брегот.

Новинската агенција Ројтерс го цитира американскиот секретар за внатрешни работи Кен Салазар, кој вели дека БП и неговите партнери направиле „големи грешки“ и дека „опстанокот на компанијата е во прашање“. Тој не елаборираше.

XS
SM
MD
LG