Линкови за пристапност

Бритиш петролиум целосно ја прифаќа одговорноста за излевањето на нафта во Мексиканскиот залив


Компанијата најави дека ќе плати за чистењето, загубите и штетата настаната од несреќата и излеана нафта.

Енергетскиот гигант Бритиш петролиум вети дека ќе ги плати „сите потребни и соодветни трошоци за чистење“на излеаната нафта што се рашири по експлозијата на нафтена платформа на компанијата близу крајбрежјето на сојузната држава Луизијана.

Компанијата во понеделникот објави и соопштение дека е подготвена да ги подмири сите основани тврдења за загуби или штета причинета од несреќата.

Американскиот претседател Барак Обама во неделата ја посети Луизијана, од прва рака запознавајќи се со последиците.

Извршниот директор на Би-Пи Америка, Тони Хејвард во интервју за Ен-Би-Си и Еј-Би-Си, изјави дека за несреќата не е виновна неговата компанија иако Би-Пи Америка е одговорна за нафтата и за процесот на чистење на протечената нафта. Хејвер истакна дека за работата на нафтената платформа била задолжена компанијата Трансоушн со седиште во Швајцарија, која работела под договор со Бритиш петролеум. Тој кажа дека опремата и ситемите на Трансоушн потфрлиле.

Претседателот Обама вети дека американската влада ќе стори „се` што е потребно, без оглед на тоа колку време ќе треба“ за чистење на излеаната нафта, која може да предизвика огромна еколошка штета во регионот.

Американските власти најмалку во наредните 10 дена забранија риболов во делови на Мексиканскиот Залив поради инцидентот. Во опасност е широк воден регион, од устието на Мисисипи во Луизијана, па се` до Заливот Пенсакола во Флорида.

XS
SM
MD
LG