Линкови за пристапност

Напредок во спречувањето на излевањето на нафтата


Адмиралот Тад Ален изјави дека преку поклопецот поставен на оштетениот бунар почнало испумпување на дел од нафтата на брод на површината.

Американската погранична служба вели дека е постигнат напредок во напорите за спречување на излевањето на нафтата од потонатата платформа во Мексиканскиот Залив, но предупредува дека сопирањето и натаму е во почетна фаза.

Адмиралот Тад Ален изјави дека преку поклопецот поставен на оштетениот бунар почнало испумпување на дел од нафтата на брод на површината.

Тој додаде дека нафта и натаму тече во водата од вентилите на поклопецот, но дека тие полека се затвараат. Ален истакна дека ќе бидат потребни часови пред надлежните да можат да ја проценат функционалноста на поклопецот и колку нафта е собрано.

Адмиралот подвлече и дека ветровите го раздвоиле главното излевање на нафтата на неколку помали делови низ океанот.

Американскиот претседател Барак Обама ќе го посети регионот во петок со цел лично да се увери за напорите за спречување на излевањето. Во интервју за Си-Ен-Ен тој изјави дека е гневен заради целата ситуација. Обама ја откажа планираната посета на Индонезија и Австралија кон крајот од месецов за да се справи со катастрофата.

XS
SM
MD
LG