Линкови за пристапност

БП - Америка со челичен поклопец против нафтеното излевање


Во експлозијата на нафтената платформа во мексиканскиот Залив што го предизвика излевањето загинаа 11 работници.

Компанијата Бритиш Петролеум – Америка вели дека завршила со изработката на голем челичен поклопец што треба да го затне истекувањето на нафтата од морското дно во Мексиканскиот Залив. Се стравува дека инцидентот ќе предизвика огромна еколошка штета.

Компанијата планира да го постави поклопецот во рок од една недела. Портпаролот Том Мулер вели дека тој ќе го спречи истекувањето, но не претставува трајно решение за проблемот.

Во експлозијата на нафтената платформа што го предизвика истекувањето загинаа 11 работници.

Според најновите истражувања, штетата од инцидентот може да го чини регионот 1,6 милијарди долари во годишната економска активност, вклучувајќи го риболовот, спортскиот риболов и туризмот.

Во напорите на чистење на водената површина и дно се вклучени 170 бродови, речиси 7.500 работници и 2.000 доброволци.

XS
SM
MD
LG