Линкови за пристапност

Американските власти бараат начин како да ја запрат излеаната нафта во Мексиканскиот Залив


Американските власти бараат начин како да ја запрат излеаната нафта во Мексиканскиот Залив
Американските власти бараат начин како да ја запрат излеаната нафта во Мексиканскиот Залив

Нафтата што се излеа на 20-ти април по несреќата на нафтената платформа во сопственост на Бритиш петролеум во Мексиканскиот Залив доцна четвртокот достигна до брегот на Луизијана.

Претседателот Барак Обама испрати членови на владиниот кабинет во сојузната држава Луизијана да извршат инспекција на акцијата за запирање на големото излевање на нафта што го погоди јужното американско крајбрежје.

Секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано, секретарот за внатрешни работи Кен Салазар и управникот на Агенцијата за заштита на животната средина Лиза Џексон ќе се сретнат со локалните власти и ќе извршат обиколка на регионот од воздух.

Обама петокот изјави дека домашното производство на нафта е важен дел од севкупната енергетска стратегија на САД, но дека мора да се спроведува одговорно, односно дека секоја нова дозвола за нафтено дупчење мора да има гаранции за заштита од излевање.

Нафтата што се излеа на 20-ти април по несреќата на нафтената платформа во сопственост на Бритиш петролеум во Мексиканскиот Залив доцна четвртокот достигна до брегот на Луизијана. Гувернерот Боби Џиндал прогласи вонредна состојба.

Советникот на Белата куќа Дејвид Екслрод петокот соопшти дека нема да има нови нафтени дупчења во крајбрежјето се` додека не се утврди причината за несреќата.

XS
SM
MD
LG