Линкови за пристапност

Нафтата се прошири и на крајбрежјето на државата Мисисипи


Претставници на Мисисипи велат дека се надеваат оти Бритиш петролеум ќе ги забрза напорите за расчистување на остатоците од нафта.

Големи дамки нафта се забележани на крајбрежјето на југоисточната држава Мисисипи за прв пат откако пред повеќе од два месеца започна големото излевање на нафтата во Мексиканскиот Залив.

Владини лица велат дека нафтените наслаги биле забележани во неделата на плажите на југозападниот дел на оваа сојузна држава и на некои од островите.

Претставници на Мисисипи велат дека се надеваат оти Бритиш петролеум ќе ги забрза напорите за расчистување на остатоците од нафта.

Од излевањето најмногу е погодена сојузната држава Луизијана, а освен во Мисисипи, дамки од нафта се видени и на крајбрежјата на Флорида и Алабама.

Нафтеното излевање започна на 20-ти април по експлозија на платформа по што таа потона во водите на Мексиканскиот Залив. Притоа загинаа 11 работници на платформата.

XS
SM
MD
LG