Линкови за пристапност

БП го менува директорот во услови на рекордни загуби


Коментарот на Дадли беше дел од соопштението на БП објавено во вторникот, кога компанијата потврди дека Тони Хејворд заминува од функцијата извршен директор на Бритиш петролеум.

Новоназначениот раководител на нафтениот гигант Бритиш петролеум Роберт Дадли вели дека не ја „потценува природата на задачите што престојат“ и дека компанијата е „финансиски силна“, со ресурси и професионален кадар што може да ја стават на патот на опоравок.

Коментарот на Дадли беше дел од соопштението на БП објавено во вторникот, кога компанијата потврди дека Тони Хејворд заминува од функцијата извршен директор на Бритиш петролеум.

БП ова го соопшти во време кога веќе втор квартал регистрира рекордна загуба од 17 милијарди долари поради катастрофалното нафтено излевање во Мексиканскиот Залив. Компанијата во наредните 18 месеци планира да продаде имот во висина од 30 милијарди долари за да ги покрие трошоците. Меѓу нив е и фонд од 20 милијарди долари формиран за компензација на жителите на американското јужно крајбрежје директно погодени од оваа најголема катастрофа од излевање на нафта во историјата на САД.

XS
SM
MD
LG