Линкови за пристапност

Властите планираат акција против новите нафтени протекувања


Тад Ален, кој раководи со владиниот одговор на истекувањето, понеделникот го овласти БП да го држи поклопецот затворен дополнителни 24 часа, додека се утврди дали тој причинил да дојде до нови протекувања.

Американската влада размислува како да се справи со новие нафтени протекувања откриени неделата во поклопениот подводен извор во Мексиканскиот Залив.

Пензионираниот адмирал Тад Ален, кој раководи со владиниот одговор на истекувањето, понеделникот го овласти Бритиш петролеум (БП) да го држи поклопецот затворен дополнителни 24 часа, додека се утврди дали тој причинил да дојде до нови протекувања.

Поклопцот спуштен минатата недела конечно го запре големото нафтено излевање што траеше уште од експлозијата на платформа за подводно дупчење на БП. Според проценките, во водите на Заливот истекуваа по 60.000 барели нафта дневно.

XS
SM
MD
LG