Линкови за пристапност

Тропско невреме може да го влоши нафтеното излевање


Адмиралот на Американската крајбрежна гарда Тим Ален кажа дека секакво тропско невреме во регионот претставува причина за загриженост.

Официјални лица кои работат на запирање на нафтеното излевање истовремено внимаваат на временската состојба што започна да се формира во Карипското Море.

Метеоролозите од американскиот Национален центар за урагани петокот соопштија дека нискиот воздушен притисок, што во моментов се наоѓа меѓу Хондурас и Големите Кајмански Острови, полека се движи северозападно, во правец на Мексиканскиот Залив. Според нив, постои голема можност оваа состојба да се претвори во тропско невреме во наредните 48 часа, со ветришта до 34 километри на час.

Во интервју за Си-Ен-Ен, адмиралот на Американската крајбрежна гарда Тим Ален кажа дека секакво тропско невреме во регионот претставува причина за загриженост, како и дека на бродовите што работат на спречување на излевањето ќе им бидат потребно предупредување од најмалку пет дена однапред за да се засолнат на безбедно.

XS
SM
MD
LG