Линкови за пристапност

БП: повеќе компании виновни за нафтеното излевање


БП: повеќе компании виновни за нафтеното излевање
БП: повеќе компании виновни за нафтеното излевање

Според БП, лошото запечатување со цемент околу нафтениот изворот дозволило гас и течности да допрат до цевката за производство.

Британскиот нафтен гигант Бритиш петролеум (БП) тврди дека повеќе компании и работни групи се одговорни за катастрофата со излевање на милиони барели нафта во Мексиканскиот Залив, како резултат на експлозијата на платформа на БП на 20-ти април во која загинаа 11 работници.

Во извештајот објавен во средата, компанијата наведува дека инцидентот е резултат на сложена серија механички грешки, погрешни човечки оценки и инженерски дизајн.

Според БП, лошото запечатување со цемент околу нафтениот изворот дозволило гас и течности да допрат до цевката за производство. Цели 40 минути, екипажот на платформата не го забележал издигањето на јаглеводород на површината, што потоа се запалил и експлодирал.

Извршниот директор на БП во оставка Тони Хејворд кажа дека неговата компанија, како и партнерите Хилибуртон и Трансошн, се одговорни за катастрофата.

Извештајот е резултат на четиримесечната истрага на БП за случајот.

XS
SM
MD
LG