Анте и Катерина Тодоровски ја крунисаа својата љубов на невообичаен начин. И двајцата професионани нуркачи, судбоносното „да“ го кажаа под вода, во изворите кај Свети Наум на длабочина од три метри.
Младенците си ги разменија венчалните прстени по што отворија шампањ и заедно со останатите нуркачи го прославија венчавањето.
Овој несекојдневен чин и првото подводно венчавање во Македонија, љубопитно го следеше и група туристи. Настанот беше во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, потпомогнато од ресторанот „Острово“ кај Свети Наум.
Венчавањето на Анте и Катерина го изврши меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од Охрид.