Линкови за пристапност

Охридска јагула за Гинис


Охридска јагула за Гинис
Охридска јагула за Гинис

Промоцијата на скулптурата е закажана пред официјалниот почеток на фестивалот „Охридско лето“.

Скулптурата долга 170 метри осамна во водите на Охридското Езеро.

Според авторот, уметникот Сергеј Цингуловски, скулптурата ќе биде примена во Гинисовата книга на рекорди како најголема скулптура поставена во вода.

„Денеска и официјално ќе ја измериме со ласер. Останува ова само уште Гинис да го верификува. Имаме двајца лиценцирани сведоци. Од Гинисовата книга на рекорди ни вратија одговор дека вакво нешто не постои во светот“, вели Цингуловски.

Промоцијата на скулптурата е закажана пред официјалниот почеток на фестивалот „Охридско лето“.

Изработена од канадска топола, дрво отпорно на вода. Тешка е околу 4 тони, а за изработка биле потребни преку 3.000 часа.

XS
SM
MD
LG