Линкови за пристапност

Меѓународна меѓурелигиска конференција во Охрид


Меѓународна меѓурелигиска конференција во Охрид
Меѓународна меѓурелигиска конференција во Охрид

Досега присуство потврдија претставници од 31 земја.

Под мотото „Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите“, од 6-ти до 9-ти мај оваа година во Охрид ќе се одржи Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Собирот е во организација на Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Комисијата за односи во верските заедници и религиски групи, а со поддршка на Владата на Република Македонија и УНЕСКО, од каде е доделена помош во висина од 50 илјади долари.

На конферецијата ќе биде промовиран зборникот „Охридските пораки за мир и соживот” и ДВД-изданието што ги презентира придобивките од Првата конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Досега присуство потврдија претставници од 31 земја од светот. Делегација на Светата столица од Ватикан, адвентисти, протестанти, и поглавари од Албанија, Ерменија, Либан, претставници на Советот на Европа се меѓу првите сигурни учесници.

XS
SM
MD
LG