Линкови за пристапност

Обама: БП целосно одговорен за нафтеното излевање


Претседателот ја отфрли критиката дека владата не е доволно вклучена во акциите на чистење

Американската влада смета дека Бритиш петролеум - БП е целосно одговорен за големото нафтено излевање во Мексиканскиот Залив, кажа претседателот Барак Обама на прес-конференција вторникот.

Обама рече дека на БП паѓа одговорноста за „ужасната трагедија“ што започна со експлозија на нафтена платформа на компанијата на 20-ти прил, при што загинаа 11 работници и беше пробиен подводниот нафтен извор.

Претседателот ја отфрли критиката дека владата не е доволно вклучена во акциите на чистење и спречување на ширењето на нафтената дамка, појаснувајќио дека БП во случајот дејствува според владини директиви.

БП во моментов се обидува да го запре излевањето со процедурата позната како „топ кил“, преку вбризгување на густи течности во изворот за да се запре излевањето, а потоа и да го зацементира изворот.

Според најновите проценки на американските научници објавени вторникот, дневно истекуваат 12.000 барели на ден, што би можело да биде најголемото излевање во американската историја.

XS
SM
MD
LG