Линкови за пристапност

Обама се врати од ненајавената посета на Авганистан


Обама се врати од ненајавената посета на Авганистан
Обама се врати од ненајавената посета на Авганистан

Обама ги пофали напорите на Карзаи и неговиот кабинет за безбедноста во земјата, но подвлече дека властите треба да се пресметаат со корупцијата и да го прошират владеењето на законите.

Американскиот претседател Барак Обама се врати во Вашингтон по кусата, ненајавена посета на Авганистан каде изврши притисок врз авганистанскиот колега Хамид Карзаи да ги интензивира напорите за сузбивање на корупцијата и да го подобри владиниот учинок.

Шестчасовната посета на Кабул започна со разговори во претседателската палата. Обама ги пофали напорите на Карзаи и неговиот кабинет за безбедноста во земјата, но подвлече дека властите треба да се пресметаат со корупцијата и да го прошират владеењето на законите.

Карзаи изрази благодарност за американската поддршка и вети дека неговата земја ќе напредува и на крајот ќе го презеде обезбедувањето во свои раце. Белата куќа најави дека Карзаи ќе го посети Вашингтон на 12-ти мај.

Обама се сретна и со американските офицери и војници во воздухопловната база Баграм северно од Кабул. Тој истакна дека американската мисија во Авганистан е јасна – да се оневозможи, растури, порази и уништи Ал-Каида и нејзините екстремистички сојузници.

XS
SM
MD
LG