Американскиот претседател Барак Обама интервјуираше кандидат за испразнетото место во Врховниот суд. Обама четвртокот во Белата куќа се сретна со федералниот судија Сидни Томас.
Ова е прво формално интервју за позицијата што ќе се ослободи по пензионирањето на судијата Џон Пол Стивенс, кој на почетокот на април најави дека ќе замине во пензија најрано во јуни.
Томас во моментов е судија во Деветтиот окружен Апелационен суд, што има јурисдикција врз западниот дел на земјата.
Претседателот Обама има предвид 10-тина кандидати и се очекува да ја соопшти конечната одлука наредните недели.
Конечна потврда на судијата на функцијата дава Сенатот.