Линкови за пристапност

Обама бара нов закон за прислушкување


Обама бара нов закон за прислушкување
Обама бара нов закон за прислушкување

Одделите за правда и трговија, Федералното истражно биро и други агенции, се залагаат за дополнителни правни остапки за телекомуникациските компании.

Според весникот Њујорк тајмс администрацијата на американскиот претседател Барак Обама се залага за осовременување и заострување на законот со кој телекомуникациските компании и нивните услуги можат да бидат прислушкувани.

Весникот вели дека претставници на Одделите за правда и трговија, Федералното истражно биро и други агенции, се залагаат за дополнителни правни остапки за телекомуникациските компании да гарантираат дека нивната најнова технологија ќе дозволува прислушкување.

Њујорк тајмс додава дека администрацијата планира да поднесе предлог-закон до Конгресот следната година.

XS
SM
MD
LG