Линкови за пристапност

Обама самитот го нарече „ден на голем напредок“


На следниот самит домаќин ќе биде Јужна Кореја во 2012-та

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека 47-те држави на нуклеарниот самит во Вашингтон се договориле да го обезбедат целиот нуклеарен материјал во следните четири години, како и да се борат против можноста од нуклеарен тероризам.

Во завршниот говор од дводневниот самит, претседателот Обама настанот го нарече „ден на голем напредок“ и дел од пошироките напори за свет без нуклеарно оружје.

Учесниците го потпишаа завршното коминике во кое се посочува дека земјите ќе преземат чекори за намалување на шансите на терористичките групи да имаат пристап до нуклеарен материјал, информации и технологија. Во чекорите е вклучена соработка против нуклеарна пролиферација.

На следниот самит домаќин ќе биде Јужна Кореја во 2012-та.

На маргините на самитот, Обама и државната секретарка Хилари Клинтон спроведоа кампања за зголемување на меѓународниот притисок врз Иран поради неговата нуклеарна програма.

Во понеделникот, Обама обезбеди заложба од кинескиот претседател, Ху Џинтао, за поддршка на нови санкции на ОН врз Иран. Но, Кина во вторник кажа дека сака дијалогот со Иран да продолжи и дека поддржува санкции само ако дипломатијата не успее.

XS
SM
MD
LG