Линкови за пристапност

Обама: Не не` нападна вера на 11-ти септември, туку Ал-Каида


Обама истакна дека САД ќе бидат неуморни во одбрана од тероризмот.

На деветтата годишнина од терористичките напади врз САД на 11-ти септември, претседателот Барак Обама на церемонија во Пентагон потенцираше дека земјата не е во војна против исламот. Тој положи венец на споменикот за 184-цата кои загинаа кога исламските милитанти урнаа грабнат патнички авион во американскиот Оддел за одбрана.

Нарекувајќи го Пентагон „свето место“, претседателот им кажа дека семејствата на загинатите дека нивните сакани нема да бидат заборавени.

„Си мислам дека некои денови мора да се чини како светот да се пренасочил на други работи. Денес ви велам - вашите сакани живеат во срцето на нашата нација - сега и засекогаш“, рече Обама.

Претседателот индиректно ја спомена контроверзата околу планот за изградба на исламски центар и џамија близу „граунд зиро“ - местото на пападите во Њујорк, како и христијанскиот свештеник кој имаше намера на годишнината на нападите да запали примероци на Коранот во знак на протест, но во последен момент се премисли.

Обама говореше енергично во полза на верската слобода, дека Американците нема да потклекнат на омразата и предрасудите што сакале да ги посејат напаѓачите на 11-ти септември 2001-вата.

„Тие може да се обидат да предизвикаат конфликт меѓу верите, но како Американци, ние не сме и никогаш нема да бидеме во војна против исламот“, рече Обама, подвлекувајќи дека „не не` нападна цела една вера тој септемвриски ден, туку Ал-Каида, бедна група луѓе со извртена религија“.

Обама рече и дека САД ќе бидат неуморни во одбрана од тероризмот.

„Се сомневаа во нашата волја, но, како Американци, ќе истраиме. Денес во Авганистан и на други места сме во офанзива и зададовме тешки удари на Ал-Каида и сојузниците. Ќе сториме се` неопходно да ја заштитиме земјата“, порача американскиот претседател.

Претходно во текот на денот, Обама со минута молчење во 8:46 наутро, кога се урна првиот грабнат авион во кулите на Светскито трговски центар во Њујорк, оддаде почит на загинатите. Обама воедно ги повика Американците да го претворат 11-ти септември во ден на служба за другите. По церемонијата во Пентагон, тој замина во училиште во Вашингтон, каде помогна во бојадисување на ѕидовите.

XS
SM
MD
LG