Линкови за пристапност

Нова безбедносна стратегија на владата на Обама


Нова безбедносна стратегија на владата на Обама
Нова безбедносна стратегија на владата на Обама

Во документот на 52 страници, претседателот Обама наведува дека армијата треба да се употребува, но не и прекумерно.

Владата на Обама објави нова национална безбедносна стратегија, уважувајќи ја потребата за армиска сила, но како последно средство, и нагласувајќи ја потребата за зголемување на меѓународната дипломатска соработка.

Во документот на 52 страници, претседателот Обама наведува дека армијата треба да се употребува, но не и прекумерно. Во широкиот поглед на националната безбедност, тој ја нагласува потребата од економска обнова, велејќи дека таа е од клучно значење за одржување на американската моќ.

Ова е прва безбедносна стратегија на владата на Обама. Секој претседател има обврска што ја наложува Конгресот да изработи ваков документ. Претходната верзија ја објави поранешниот претседател Џорџ В. Буш во 2006-та.

Во говор во средата, вишиот советник за борба против тероризмот Џон Бренан изврши преглед на новата стратегија, велејќи дека проблемот со домашните терористи е приоритет бидејќи се поголем број на Американци се „заведени од екстремистичка идеологија или кауза“.

Претходно месецов, американски граѓанин беше обвинет за обид за активирање на бомба на Тајмс сквер во Њујорк.

XS
SM
MD
LG