Американскиот претседател Барак Обама вторникот се среќава со францускиот колега Никола Саркози во Белата куќа.
Се очекува тие да дискутираат за Иран, глобалното затоплување и Авганистан. Обама врши притисок врз Саркози да испрати повеќе француски војници и армиски и полициски инструктори во Авганистан.
Во обраќањето на Универзитетот Колумбија во Њујорк понеделникот, Саркози најави дека Франција ќе остане со САД во Авганистан. Француското двоумење да испрати војници во Ирак и во Авганистан доведе до заладување на билатералните односи за време на владата на претседателот Џорџ Буш.
Во говорот во Њујорк, францускиот претседател ги повика САД да соработуваат со Европа во создавањето на нови регулативи за спречување на идни економски кризи, и да покажат што значи да се биде сила број еден во светот.