Линкови за пристапност

Обама им честиташе на републиканците


Обама им честиташе на републиканците
Обама им честиташе на републиканците

Најверојатниот претседател на Претставничкиот дом Џон Бонер изјави дека претседателот телефонски го побарал за да честита за време на„кус, но пријатен“ разговор.

Американскиот претседател Барак Обама стапи во контакт со лидерите на републиканците веднаш по конгресните избори на кои нивната партија освои мнозинство во Претставничкиот дом, а доби и нови места во Сенатот.

Најверојатниот претседател на Претставничкиот дом Џон Бонер изјави дека претседателот телефонски го побарал за да честита за време на „кус, но пријатен“ разговор.

Бонер истакна дека на претседателот му предочил дека американскиот народ од нив очекува да работат заедно на креирање на работни места и скратување на владините трошоци.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека претседателот Обама имал телефонски разговор и со лидерот на републиканското малцинство во Сенатот Мич Меконел.

Обама подвлече дека со нетрпение чека да работи со опозиционите републиканци за да најде заеднички јазик и „да се заврши работата во полза на американскиот народ“.

Претседателот на САД телефонски разговарал и со претседателката на Претставничкиот дом на заминување, Ненси Пелоси.

XS
SM
MD
LG