Линкови за пристапност

Обама избира нов портпарол


Обама избира нов портпарол
Обама избира нов портпарол

Споед експертите целта на промените е „поголема транспарентност“ во структурата на Белата куќа и „поттик за координација и соработка“

Претходникот, Роберт Гибс беше повеќе од портпарол на Белата куќа. Тој беше близок советник на американскиот претседател Барак Обама уште од 2004-та година, уште пред да стане сенатор од сојузната држава Илиноис. Гибс е на функцијата од самиот почеток на работата на актуелната администрација.

Генерално добро прифатен од новинарите, Гибс е познат и по неговата смисла за хумор и добра интеракција со нив, иако беше и критикуван за одбирање омилени новинари кои би поставиле прашање.

На негово место доаѓа Џеј Карнеј. Тој ќе преземе и нова улога советувајќи го претседателот за време на кампањата за реизбор во 2012 година. Во моментов Карнеј е директор за комуникации на потпретседателот Џо Бајден и поранешен новинар на магазинот Тајм.

Шефот на кабинет на претседателот Обама Вилијам Далеј, истакна дека назначувањето на Карнеј на функцијата, како и другите промени во персоналот, ќе донесат „поголема транспарентност“ во структурата на Белата куќа и „ќе поттикнат координација и соработка“.

XS
SM
MD
LG