Линкови за пристапност

Пораст на рејтингот на Обама, но дали за долго?


Пораст на рејтингот на Обама, но дали за долго?
Пораст на рејтингот на Обама, но дали за долго?

Најновите анкети покажуваат мали промени во генерално негативниот став што Американците го имаат за начинот на кој претседателот се справува со националната економија

Ова без сомнение беше еден од најдрамaтичните моменти за време на претседателствувањето на Барак Обама.

„Вечерва, можам да му соопштам на американскиот народ и на светот дека САД изведоа опеарција во која беше убиен Осама бин Ладен, лидерот на Ал Каида“, истакна американскиот претседател.

Веста беше проследена со прослави пред Белата куќа, местото каде некогаш се издигаа кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и на неколку други места.

Републиканците им се придружија на демократите во пофалбата на одлуката на претседателот за елиминација на бин Ладен. Меѓу нив имаше и некои од настрогите критичари на политиката на претседателот.

Поранешниот потпретседател Дик Чејни за тв-мрежата Еј-Би-Си, изјави:

„Администрацијата очигледно има заслуга за успехот на операцијата“, вели Чејни.

По акцијата регистрирано е зголемување на рејтингот на претседателот за 9 поени и е 56 проценти, според најновата анкета на Вашингтон пост и Центарот за истражување Пју. Според анкетата на Универзитетот Квинипак во Конектикат пак , рејтингот на Барак Обама се зголемил за шест поени и изнесува 52 процента.

Сепак аналитичарот Питер Браун од Универзитетот Квинипак за Гласот на Америка изјави дека останува нејасно какво влијание убиството на бин Ладен би имало на напорите на претседателот Обама да го добие и вториот мандат на функцијата.

„Битно е колкаво е зголемувањето на рејтингот и колку долго ќе трае. Тоа во моментов не е јасно и нема да се знае во догледно време“, вели Браун.

Една од причините е што во последно време повеќето Американци се повеќе фокусирани на економските прашања, вели експертот од Универзитетот Џорџтаун Стивен Вејн.

„Во моментов тероризмот не е главно прашање во САД, туку економијата и владиниот буџет. Мислам дека убиството на бин Ладен ќе му помогне на претседателот, но не премногу“, вели овој аналитичар.

Најновите анкети покажуваат мали промени во генерално негативниот став што Американците го имаат за начинот на кој претседателот се справува со националната економија. Според анкетите на Вашингтон пост и Центарот Пју, само 40 проценти имаат позитивен став за справувањето на претседателот со економската ситуација.

XS
SM
MD
LG