Линкови за пристапност

Авионот на Мишел Обама го прекинал слетувањето


Авионот на Мишел Обама го прекинал слетувањето
Авионот на Мишел Обама го прекинал слетувањето

Истрагата е во тек, можна грешка на контролорите за летање

Претставници на американската авијација велат дека авионот во кој се наоѓала првата американска дама Мишел Обама, морал да го избегне приземјувањето во понеделникот, бидејќи бил преблизу до воен карго авион.

Федералната администрација за воздухопловство соопшти дека Боингот 737 во кој се наоѓала Мишел Обама се наоѓал на околу пет километри оддалеченост од огромен воен карго авион од типот Це-17, додека се подготвувал да слета во воздухопловната база Ендрјус во близина на Вашингтон.

Во писменото соопштение на Агенцијата за воздухопловство се наведува дека авионот на првата дама на САД, „во ниту еден момент не бил во опасност“, а потоа слетал безбедно.

Агенцијата додава дека во тек е истрага за можна грешка од страна на контролорите за летање. Федералната агенција за воздухопловство последниве неколку недели се наоѓа под засилена критика откако во јавноста беа обелоденети информациите дека некои од контролорите на летање заспале на своите работни места за време на ноќната смена.

XS
SM
MD
LG