Линкови за пристапност

Обама на средби во Конгресот и со семејствата на загинатите во нафтеното излевање


Обама рече и дека сегашните закони не се адкеватни, со оглед на фактот дека биле донесени пред нафтената инфустрија да започне со подводно дупчење.

Американскиот претседател Барак Обама, кој четвртокот се сретна со првите лица во Конгресот во врска со нафтеното излевање во Мексиканскиот Залив, вели дека постои широка, натпартиска поддршка да се променат законите за да се спречи слична катастрофа во иднина.

Обама рече и дека сегашните закони не се адкеватни, со оглед на фактот дека биле донесени пред нафтената инфустрија да започне со подводно дупчење. Обама на средбата ги информаирал конгресните претставници за владината реакција на нафтеното излевање.

На дневен ред на Обама е и средба во Белата куќа со семејствата на 11-те загинати во експлозијата на нафтената платформа на Бритиш петролеум во Мексиканскиот Залив, што го предизвика големото нафтено излевање.

Адмиралот на Крајбрежната гарда Тед Ален, кој раководи со владиниот одговор на катастрофата, информираше дека во последните 24 часа биле испумпани 16.000 барели нафта на површината, како и дека акцијата за сопирање на излевањето ќе продолжи.

XS
SM
MD
LG