Линкови за пристапност

Обама ветува промени за спречување идни излевања на нафта


Обама ова го изјави по средбата со ко-претседавачите на комисијата за истрага на инцидентот.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека на одговорните на огромното излевање на нафтата во Мексиканскиот Залив ќе им биде судено ако се докаже дека го прекршиле законот.

Обама ова го изјави вторникот по средбата со ко-претседавачите на комисијата за истрага на инцидентот, Боб Грем, поранешен гувернер и сенатор од Флорида, и Вилијам Рајли, поранешен директор на Агенцијата за заштита на животната средина. Ова тело беше формирано на иницијатива на претседателот.

Обама истакна дека независната панел-група ќе ги испита причините за излевањето како гаранција САД никогаш повеќе да не се соочат со слична катастрофа. Тој додаде дека ќе бидат направени промени на законите и владината регулатива за работа на нафтената индустрија.

Во меѓувреме во Њу Орлеанс, адмиралот на пограничната служба, Тад Ален, истакна дека Бритиш петролеум работи на сечење на цевката, во најновиот обид на компанијата да го спречи излевањето на нафтата што трае веќе шест недели.

XS
SM
MD
LG