Линкови за пристапност

Обама ја засилува поддршката за кандидатите - демократи пред конгресните избори


Обама ги опиша републиканците како партија „не“, која одбила да соработува со него при справувањето со главните проблеми со кои се соочува државата.

Американскиот претседател Барак Обама неодамна на серија настапи низ сојузните држави даде поддршка на кандидати од неговата партија кои ќе наидат на остра конкуренција о републиканците на претстојните избори. Меѓу ниц е и лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид.

Во Невада, а претходно и во Мисури претседателот се фокусираше на чекорите на неговата администрација за опоравување од финансиската криза и справување со и натаму високата стапка на невработеност, повторувајќи дека кризата и рецесијата започнаа кога претседател на САД беше републиканец.

Тонот на претседателот беше поостар, одбележан со вид на страст, реторика и личен пристап што ефикасно го спроведуваше за време на претседателските избори од 2008-ма година кога го порази републиканскиот кандидат Џон Мекејн.

За време на говорот во Мисури, изразувајќи ја поддршката демократскиот кандидат во Сенатот Робин Карнахан, американскиот претседател ја претстави сликата што сака да ја изложи пред гласачите воочи ноемвриските избори.

Обама ги опиша републиканците како партија „не“, која одбила да соработува со него при справувањето со главните проблеми со кои се соочува државата.

„Тие сметаат дека ако продолжат со негативниот одговор, тоа ќе значи дека во ноември ќе добијат поголем број на гласови бидејќи ако Обама изгуби, тие ќе победат. Републиканците велат – ако го спречиме во неговите намери, тогаш ние ќе изгледаме подобро. Но, тоа не е односот што ќе ја извлече нашата земја од хаосот во кој се наоѓаме во моментов. Вакво нешто не` уназадува, а треба да одиме напред“, рече американскиот претседател.

Додека продолжуваат да ја осудуваат економската политика на Обама, на републиканците не им се од помош неодамнешни изјави на одредени клучни членови на Конгресот.

Во интервју со уредниците на Трибјун-ревју од Питсбург лидерот на републиканците во Претставничкиот дом Џон Бонер за предлог-законот за реформи во финансискиот систем што Конгресот се очекува да го усвои наскоро, изјави:

„Ова е како да се убива мравка со нуклеарно оружје“.

Во Мисури и претходно во Висконсин, претседателот за изјавата на Бонер коментираше дека е пример за тоа дека републиканците се надвор од случувањата на американските граѓани во смисла на економските проблеми со кои се соочуваат.

„Според Бонер, не ни е потребно сево ова. Ова е како да се употреби нуклеарно оружје за да се убие мравка. Најлошата криза од Големата депресија тој ја нарекува мравка. Треба да се направи филм за ова. Мравката што ја изеде економијата“.

Џо Бонер и колегата републиканец Џо Бартон кој во јуни сугерираше дека Белата куќа го „продрмала“ Бритиш петролеум со барањето да формира фонд за компензација на штетата од излевањето на нафтата во Мексиканскиот Залив во висина од 20 милијарди долари, подоцна дадоа појаснување.

Штетата од комнтарите на републиканците на претседателот Обама му дадоа дополнителна муниција во време кога ја интензивира кампањата за поддршка на демократските кандидати за места во Конгресот воочи изборите за неколку месеци.

Она што засега останува неизвесно е дали ќе има некакво подобрување меѓу периодот сега и ноемвриските избори, во однос на рејтингот на претседателот Обама околу справување со невработеноста. Неодамнешна анкета на

Списанието Економист покажа дека 52 процента од Американците не го поддржуваат начинот на кој лидерот на САД се справува со ситуацијата. Други испитувања на јавното мислење покажуваат дека Американците продолжуваат со скептицизмот за ефикасноста на неговата програма за економско опоравување.

XS
SM
MD
LG