Речиси 23.000 луѓе се убиени во насилство поврзано со дрога во Мексико од 2006-та, кога почна владината акција за сузбивање на нарко-бандите.
Мексиканскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гомез Монт ја потврди цифрата на прес-конференција.
Бројката на загинати – 22.743 беше повисока за 7.000 од првичните проценки.
Во извештајот се вели дека насилството меѓу нарко-бандите има нагло зголемување во првиот дел од годината, при што биле убиени 3.365 лица во периодот меѓу јануари и март.
Најголемиот број на убиства во Мексико се случиле во близина на американската граница, каде меѓуграничната тровија со дрога е честа појава.
Неодамна, 5.000 мексикански полицајци беа распоредени во регионот на граничната област Сиудад Хуарез, каде ја презедоа одговорноста од војниците кои не успеаја да го спречат криумчарењето со наркотици.