Линкови за пристапност

Обама ја скрати турнејата низ Латинска Америка


Обама ја скрати турнејата низ Латинска Америка

Се враќа порано во Вашингтон за да се фокусира на се` подлабоката криза во Либија

Американскиот претседател Барак Обама ја откажа посетата на арехолошки локалитет во Салвадор што датира од времето на Маите, за да се фокусира на се` подлабоката криза во Либија. Тој денес ќе се врати во Вашингтон порано од планираното.

Обама наиде на извесна критика поради тоа што останал надвор од САД во време кога им нареди на американските сили да помогнат во воспоставувањето на зона на забрането летање во Либија.

Белата куќа посвети посебно внимание на тоа да покаже дека Обама редовно е брифиран од својот персонал за ситуацијата. Пред да замине од Салвадор, Обама треба да одржи телефонска конференција со советниците за национална безбедност, посветена на Либија.

Вчера, Обама се сретна со претседателот на Ел Салвадор Маурисио Фунес, ветувајќи ново партнерство низ Централна Америка преку интензивирање на трговијата, борба против дрогата и создавање на нови работни места.

XS
SM
MD
LG