Линкови за пристапност

Обама: Њу Орлеанс стана симбол на издржливост


Обама истакна дека ураганот Катрина бил природна, но и човечка катастрофа, или, како што кажа „срамно потфрлање на владата“.

Американскиот претседател Барак Обама го посети Њу Орлеанс каде беше одбележана петата годишнина од катастрофалниот ураган Катрина, кој однесе илјадници животи, а беше причинета огромна материјална штета.

Во говорот во Универзитетот Хавиер, Обама истакна дека е постигнат „неверојатен“ напредок во напорите за обнова на градот. Тој додаде дека Њу Орлеанс можеше да остане „симбол на пропаѓање“, но наместо тоа стана „симбол на издржливост“.

Претседателот на САД вети дека неговата администрација ќе ги поддржи жителите на Њу Орлеанс и околното крајбрежје се` додека обновата од ураганот не биде завршена.

Обама истакна дека ураганот Катрина бил природна, но и човечка катастрофа, или, како што кажа „срамно потфрлање на владата“, што остави многу мажи, жени и деца напуштени.

Од Катрина и поплавите загинаа прелу 1.800 лица, а преку еден милион останаа без покрив над главата. Владиниот одговор на катастрофата беше нашироко критикуван како бавен и несоодветен.

XS
SM
MD
LG