Линкови за пристапност

Обама: САД заостануваат зад Кина во обновата на инфраструктурата


Обама: САД заостануваат зад Кина во обновата на инфраструктурата
Обама: САД заостануваат зад Кина во обновата на инфраструктурата

Претседателот Обама неодамна во Белата куќа се сретна со неколкумина гувернери на сојузни држави, градоначалници и членови на кабинетот на разговори на оваа тема.

Во нов извештај на Одделот за финансии и Советот на економски советници во Белата куќа, се наведува дека САД во моментов трошат два процента од својот бруто домашен производ на инфраструктура, со намалена потрошувачка за 50 проценти од 1960-та наваму.

Кина, вели извештајот, троши околу девет проценти на инфраструктурата во земјата, а Европа околу пет проценти. Извештајот заклучува дека е очигледно оти игнорирањето на овој сектор ќе влијае на компетитивноста на Америка со остатокот од светот.

Претседателот Обама неодамна во Белата куќа се сретна со неколкумина гувернери на сојузни држави, градоначалници и членови на кабинетот на разговори на оваа тема.

„Не можеме повеќе да си дозволиме да не преземаме ништо. Потребен ни е таканаречен паметен систем на инфраструктура во согласност со потребите на 21-от век, што значи заедниците да имаат полесен пристап до работните места, до училиштата, до домовите“, истакна тој.

Во септември претседателот Обама од Конгресот побара дополнителни 50 милијарди долари за почеток на шестгодишен план за обнова на инфраструктурата, што според него долгорочно ќе се исплати преку укинување на олеснувањата на плаќањето даноци за индустријата за нафта и гас.

Но легислативата сепак ќе почека на Конгресот да почне со работа по изборите во ноември. Tогаш може обата дома да бидат под контрола на републиканците кои остро го критикуваат пакетот помош на претседателот за стимулирање на економијата.

Барак Обама во меѓувреме наведе примери од други земји, меѓу кои и Кина, каде се инвестира денес за подобро утре.

„Во моментов Кина гради стотици илјади милји нови патишта. Во наредните десет години планира да изгради десетина нови аеродроми. За наредните 20 години најавена е изградба на околу 170 нови системи за јавен превоз. Секаде во светот се размислува долгорочно, се креираат работни места сега, за да се исплати утре“, вели претседателот на САД.

Во одвоена студија се наведени препораки слични на оние на администрацијата на Обама, според кои се проценува дека федералната влада, како и владите на сојузно и локално ниво, ќе треба да потрошат до 194 милијарди долари само за поправки на постоечката инфраструктура.

XS
SM
MD
LG