Линкови за пристапност

Обама им нареди на болниците пациентите да ги одредуваат своите посетители


Претседателот Обама вели дека на пациентите не треба да им се ускрати „љубовта и грижата од нивните најблиски крај нив“, заради болничките регулативи.

Американскиот претседател Барак Обама им нареди на болниците да им дозволат на пациентите да одредат кој може да ги посети. Со ова партнерите на пациентите-хомосексуалци ќе ги добијат истите права за посета што ги имаат партнерите на хетеросексуалците.

Претседателот Обама вели дека на пациентите не треба да им се ускрати „љубовта и грижата од нивните најблиски крај нив“, заради болничките регулативи.

Активистите за правата на хомосексуалците и лезбејките го поздравија овој чекор со кој болниците ќе мораат да ги почитуваат сите права на пациентите во однос на тоа кој ќе помогне да носи одлуките поврзани со нивното здравје, во нивно име.

Претседателската наредба се однесува на болниците кои учествуваат во федералните програми Медикеид и Медикеар, наменети за здравствено осигурување на сиромашното и постарото население. Мерката ќе покрива поголем дел од болниците во САД.

XS
SM
MD
LG