Линкови за пристапност

Обама ја повика Г-20 да продолжи со стимулирање на економијата


Тој ова го наведува во писмо до првите луѓе на земјите од Групата 20, кои наредната недела ќе се сретнат во Канада.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика водачите на главните економии во светот да да ги засилат напорите за опоравување на економијата.

Тој ова го наведува во писмо до првите луѓе на земјите од Групата 20, кои наредната недела ќе се сретнат во Канада.

Во екот на економската криза, САД и многу други земји потрошија милијарди долари на јавни проекти за да го поттикнат економскиот растеж. Но, сега, голем број европски земји нагло го намалуваат трошењето, за да се справат со буџетскиот дефицит.

Обама наведува дека тоа е добра идеја, но на среднорочен план, а не сега. Американскиот претседател исто така повика пазарите, а не владините укази да ја одредуваат вредноста на националните валути.

XS
SM
MD
LG