Линкови за пристапност

Обама очекува спогодба на Г-20


Обама очекува спогодба на Г-20
Обама очекува спогодба на Г-20

Кина е под критика за вештачко држење на вредноста на јуанот на ниско ниво наспроти доларот и другите валути, во напор да го поттикне својот извоз.

Американскиот претседател Барак Обама очекува водачите на 20-те најголеми економии во светот да постогнат согласност за мерките за урамнотежен и одржлив растеж.

Дводневната средба на Г-20 во Сеул започна четвртокот со работна вечера по неколкудневни расправии за трговската нерамнотежа што резултираше во голем суфицит за Кина и Германија, но и голем дефицит за САД.

Во кусата изјава пред средбата на Обама со кинескиот колега Ху Џинтао, тие не се осврнаа конкретно на несогласувањето околу валутната политика на Пекинг, што беше и главната тема на самитот на Г-20.

Обама истакна дека САД и Кина забележале значителен напредок за различни прашања и имаат посебна обврска да обезбедат силен, балансиран и одржлив растеж. Ху, пак, кажа дека Кина останува подготвена за соработка со САД за интензивирање на дијалогот и соработката.

Кина е под критика за вештачко држење на вредноста на јуанот на ниско ниво наспроти доларот и другите валути, во напор да го поттикне својот извоз. Американски претставници пред почетокот на самитот подвлекоа дека спорот нема да биде разрешен во Сеул и дека ќе бидат потребни дополнителни напори од страна на Пекинг.

Претходно, на прес-конференција со јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак, Обама изрази уверување дека на самитот ќе се изнајдат механизми за мерење на растежот и за враќање на рамнотежа во системот. Тој ја повтори својата загриженост околу спорот, иако не ја спомена Кина по име.

„Доколку одредени земји се вклучени во пракси намерно креирани да го зголемат сопственот извоз на сметка на другите, тоа може само да креира проблеми, наместо да ги решава“, рече Обама.

Од другите прашања, вишиот директор за азиски прашања во американскито Национален совет за безбедност Џеф Бадер наведе дека Оама и Ху разговарале и за Северна Кореја, Иран, Судан, како и за човековите права.

Американски претставници велат дека на средбата на Обама со германската канцеларка Ангела Меркел, пак, акцентот бил на агендата на самитот на НАТО што наредната недела ќе се одржи во Лисабон. Тие разговарале и за ситуацијата во Авганистан, Блискиот Исток и антитерористичките напори.

XS
SM
MD
LG