Американскиот претседател Барак Обама ги повика републиканските и демократските водачи во Конгресот да изнајдат начини да соработуваат на клучни прашања откако републиканците презедоа контрола врз Претставничкиот дон на Конгресните избори.
На состанок на својот кабинет, Обама кажа дека ги повикал двата водечки републиканци, првиот човек на партиското малцинство во Сенатот Мич Меконел и конгресменот Џон Бонер да се сретнат со водачот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во Белата куќа на 18-ти ноември. Се очекува Бонер да ја презеде функцијата претседател на Претставничкиот дом кога новиот состав на Конгресот ќе стапи на сила во јануари.
Обама кажа дека средбата ќе биде насочена на она што може да се направи за да се решат итните економски прашања, уште пред новиот состав на Конгресот да започне со работа. За Обама е важно да се појде напред, образложувајќи дека Американците не сакаат владата да биде заглавена во меѓупартиска дебата и да не остварува ништо.
Претседателот предложи и средба наредниот месец на новоизбраните републикански и демократски гувернери на сојузните држави, за да ги чуе нивните идеи и грижи.
Сенаторот Меконел, пак, ја реафирмираше целта на својата партија да спречи реизбор на Обама и на тој начин да избегне вето на легислативите што имаат републиканска поддршка.
Сенаторот Меконел, пак, ја реафирмираше целта на својата партија да спречи реизбор на Обама и на тој начин да избегне вето на легислативите што имаат републиканска поддршка.