Линкови за пристапност

Обама бара компромис по победата на републиканците на конгресните избори


Обама бара компромис по победата на републиканците на конгресните избори
Обама бара компромис по победата на републиканците на конгресните избори

Претседателот истакна Американците не сакаат политичките лидери наредните две години да ги поминат во водење на политички битки како претходните две години.

Американскиот претседател Барак Обама ќе бара заеднички јазик со републиканците. Ова го најави еден ден откако опозиционата Републиканска партија решително ги порази демократите на конгресните избори.

Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом и добија дополнителни места во Сенатот. Новиот состав на Конгресот ќе започне со работа во јануари наредната година.

На прес-конференцијата во Белата куќа, Обама истакна дека американскиот народ е очигледно фрустриран од темпото на креирање нови работни места и економскиот растеж.

Обама подвлече дека ќе биде тешко да ја реализира агендата без поддршка од републиканците како и дека со нетрпение чека да ги слушне нивните идеи за тоа како да се стимулира отворањето на работни места и економијата во земјата. Даночните скратувања сами по себе нема да бидат доволни за креирање на економски растеж каков што и` е потребен на Америка во моментов, рече Обама, осврнувајќи се на ваквиот републикански став.

Обама воедно вети дека ќе работи уште понапорно за да постигне консензус меѓу обете партии за комплетирање на работата во власта во Вашингтон. Рече и дека Американците не сакаат политичките лидери наредните две години да ги поминат во водење на политички битки како претходните две години.

XS
SM
MD
LG