Линкови за пристапност

Обама се врти кон младите во кампањата за конгресните избори


Обама се врти кон младите во кампањата за конгресните избори
Обама се врти кон младите во кампањата за конгресните избори

Гласовите на младите му помогнаа на Барак Обама на патот кон претседателската функција на изборите во 2008-ма.

Американскиот претседател Барак Обама е на дводневна турнеја за мотивирање на младите гласачи, чија помош и` е потребна на Демократската партија да го задржи мнозинството во Конгресот на изборите за обата пратенички дома на 2-ри ноември.

Со настапот на Универзитетот во Висконсин, Обама се обиде да ги охрабри гласачите на студентска возраст да ги поддржат демократите. Тој истакна дека младите демократски гласачи пред себе имаат огромни можности, така што нема простор да бидат апатични.

„Не можеме да го игнорираме моментот, не можеме да дозволиме земјата да оди наназад, бидејќи остатокот од нас не се грижи доволно за да се бори. На земјата и на вашата иднина им престојат многу можности, така што ќе се борам најдобро што можам, а знам дека и вие ќе го сторите истото, за да обезбедиме дека ќе напредуваме“, истакна американскиот претседател.

Гласовите на младите му помогнаа на Барак Обама на патот кон претседателската функција на изборите во 2008-ма.

Републиканците, според анкетите, гледаат со оптимизам на своите шанси на изборите во ноември да преземат контрола во Сенатот, или во Претставничкиот дом, а евентуално и во обата дома.

Според неодамна објавената платформа наречена „Ветување за Америка“, републиканците повикуваат на даночни скратувања и намалување на други давачки, прекин на вработувања во државната администрација и повлекување на реформата на здравствената заштита што ја издејствува Обама. Републиканците наведуваат дека политиката на Обама не успеала да креира работни места и ги заглавила САД длабоко во долгови.

На настапот во сојузната држава Ново Мексико, пак, Обама побара поддршка за демократите со образложение дека републиканците ќе ја прекинат неговата реформа на образованието доколку добијат мнозинство на изборите.

XS
SM
MD
LG