Линкови за пристапност

Обама на разговори со демократи и деловни лидери за економијата


Обама на разговори со демократи и деловни лидери за економијата
Обама на разговори со демократи и деловни лидери за економијата

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која присуствуваше на средбата, разговорите ги опиша како мошне позитивни и истакна дека акцентот бил ставен на креирање на нови работни места во САД.

Американскиот претседател Барак Обама на средбата со демократи во Конгресот разговараше за економијата во време кога се појави напнатост околу изјавата на портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс за престојните конгресни избори.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која присуствуваше на средбата, разговорите ги опиша како мошне позитивни и истакна дека акцентот бил ставен на креирање на нови работни места во САД.

Таа не даде никаков коментар околу најновата загриженост во редовите на Демократската партија, откако портпаролот Гибс неделава изјави дека републиканците може да добијат контрола врз Претставничкиот дом на изборите во ноември.

Претставници на Белата куќа велат дека претседателот Обама имал разговори зад затворени врати со деловни лидери за начините за креирање нови работни места и зголемување на инвестициите за добивање на чиста енергија. На овие разговори присуствувал и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

XS
SM
MD
LG