Линкови за пристапност

Обама со нови предлози за поттикнување на економијата


Обама со нови предлози за поттикнување на економијата
Обама со нови предлози за поттикнување на економијата

Обама се спротистави на обидот на членовите на републиканците во Конгресот да го продолжат даночното олеснување за најбогатите 2% на даночните обврзници.

Американскиот претседател Барак Обама средата понуди дополнителни начини за поттикнување на економијата, во време кога во кампања по земјата се обидува да и` помогне на Демократската партија да ја задржи контролата врз обата дома на Конгресот на изборите во ноември.

Во говорот во Кливленд, сојузната држава Охајо, Обама предложи да го продолжи даночниот кредит за истражување и развој, во надеж дека новите идеи и продукти ќе ја зајакнат економијата на долгорочен период.

Тој се заложи и за даночни промени со кои би се мотивирале бизнисите да купуваат нова опрема, а што би помогнало за проширување на нивната дејност и отворање на нови работни места.

Обама се спротистави на обидот на членовите на републиканците во Конгресот да го продолжат даночното олеснување за најбогатите 2% на даночните обврзници. Таквото нешто би додало 700 милијарди долари на американскиот дефицит во текот на наредните 10 години, рече претседателот.

XS
SM
MD
LG