Линкови за пристапност

Обама: Американската економија не расте доволно брзо


Обама го повика Конгресот да усвои некои од неговите предлози како доделување на заеми за мали бизниси и одредени даночни олеснувања за компаниите.

Американскиот претседател Барак Обама во интервју за тв-мрежата Ен-Би-Си, истакна дека американската економија бележи раст, но не доволно брзо.

Обама го повика Конгресот да усвои некои од неговите предлози како доделување на заеми за мали бизниси и одредени даночни олеснувања за компаниите.

Американскиот лидер подвлече дека не постои магично решение за лечење на економските проблеми на земајата.

Обама во интервјуто кажа дека не го загрижуваат неодамнешните анкети, кои покажуваат дека околу една петина од Американците веруваат дека тој е муслиман, иако тој на неколкупати во јавноста се има изјаснето дека е христијанин. Барак Обама додаде дека не е загружен ниту за гласините дека не бил роден во САД, велејќи, цитираме – „Не можам да шетам со извод од родените на чело“.

XS
SM
MD
LG