Линкови за пристапност

Неповолната економија ризична за Обама


Неповолната економија ризична за Обама

Најнова анкета на Вашингтон пост и Еј-Би-Си покажува пад на рејтингот на претседателот

Најновото истражување на Вашингтон пост и Еј-Би-Си покажува дека јавноста смета дека економијата во САД оди на полошо и дека се` повеќе Американци сметаат ддека за трендот е одговорен претседателот Барак Обама.

Според анкетата, меѓу 59 до 40 проценти од испитаниците не го одобруваат начинот на кој претседателот се справува со економијата, што и натаму е тема број еден меѓу потенцијалните гласачи на престојните претседателски избори.

Резултатите доаѓаат во време кога минатата недела беше објавен извештај за невработеноста во САД со исход полош од очекуваното. Невработреноста во моментов е на 9,1 процент, а политичките експерти велат дека тоа е мошне опасна бројка за претседател кој се бори за реизбор.

Бавното економско опоравување е и во фокусот на републиканците кои наредната година ќе влезат во претседателската трка.

Според најновата анкета, претседателот Обама лесно би извојувал победа врз повеќето од републиканските конкуренти, но долку изборите би се одржале денес. Истражувањето исто така покажува дека Обама е особено изедначен во поддршката со поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, кој продолжува да зема се` поголем замав меѓу симпатизерите.

Најновата анкета на Вашингтон пост и Еј-Би-Си покажува и дека севкупната поддршка на претседателот Обама сега е на 47%, со 49% кои не го одобруваат начинот на кој ја води земјата. Ова е надолна линија споредено со трендот на зголемена поддршка минатиот месец, кога беше убиен лидерот на Ал Каида, Осама бин Ладен.

XS
SM
MD
LG