Претседателот Обама ја подвлече важноста од високо образование за сите Американци со цел земјата да остане конкурентна меѓу најбрзо растечките економии во светот.
Обама во говорот на универзитет во сојузната држава Тексас образованието го нарече „предуслов за просперитет“ за сите Американци, со цел да се соочат со предизвиците на 21-от век.
За него е неприфатливо, САД во само една генерација ученици да паднат од првото, на 12-тото место во стапката на дипломирани. Барак Обама ја повтори заложбата на неговата администрација - студирањето да биде достапно за сите Американци.